5 причини зошто да го вклучите PhotoBooth-от на вашиот настан

Организирате нов настан на кој што ќе го преставите вашиот најнов производ? Или пак славите 10 години успешна работа во Вашата компанија? Стекнавте нов партнер? Организирате тим-билдинг за вработените после успешен период?
Неопходно е да најдете компанија за photobooth, која не само што ќе ги воодушеви клиентите, туку и гостите и членовите на тимот.
Кога зборуваме за организација на настани, брендирањето е клучно! Затоа, нашиот тим работи заедно со вас, за да Ви обезбеди Вас и Вашата компанија незаборавно искуство.
Ова се 5 причини зошто треба да го вклучите photobooth-от на Вашиот следен корпоративен настан:


 

Активирајте ги присутните во текот на целиот настан



Уште од деца, нашите родители не учат дека првиот впечаток е важен! Оставете силен прв впечаток со брендирана, уникатна позадина која што ќе го воспостави и тонот на самиот настан. Нашиот photobooth има различни функции со кои што би можеле да ги прикажеме вашите уникатни карактеристики, но и да го прикажеме лансирањето на нов производ. Имате омилен колега/колешка на работа, се дружите, но немате ниту една заедничка слика? Нема простор за грижи! Нашиот photobooth доаѓа и со принтер за слики, што ќе ги направите спомените вечни. Корпоративните настани со photobooth-ови ја подобруваат свесноста за брендот и им овозможуваат на гостите на настаните директно да се поврзат со  компанијата.


 

Ангажман со вашите присутни


На сите настани, забавата е клучна, а од ние од искуство знаеме дека photobooth-от е едно интересно искуство за кое што Ви ветуваме дека ќе сите гости ќе го паметат. Дозволете им на присутните да се опуштат и да уживаат на настанот, без да биде исклучително формален и досаден. Интеракцијата со photobooth-от обезбедува забавно искуство, кое предизвикува смеа, кое ќе создаде трајни спомени и ќе ги натера посетителите да сакаат да се враќаат повторно и повторно.

 

Максимална изложеност на Вашиот бренд


Почетната страница на photobooth-от може да биде персонализирана, со различни начини на споделување на истите, и брзо праќање на фотографиите до вашите посетители, што ќе овозможи истите веднаш да бидат споделени на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и слично. Што значи ова? Ова значи дека Вашиот бренд ќе допре до многу луѓе, кои би станале потенцијални клиенти или пак колеги. 🙂 Бидејќи се работи за персонализиран екран, ќе вклучиме и лого, текст, или QR-код кој би водел до одредено место, исто така гарантира подобра слика за Вашиот бренд.
 


Можете да го користите на било која локација, во било кое време


Планирате настан во парк? Во Македонска Филхармонија? Во седиштето на вашата компанија? Го спремаме нашиот photobooth, ги земаме најпотребните работи - и пристигнуваме! Работиме со најнова технологија за создавање на фотографии или видеа, со подвижни елементи и персонализирани екрани.  Може да се користи на секаков вид на настани, како што се претставување производи, празнични забави, денови за благодарност на клиентите, свечени отварања и многу повеќе.

 


Одлична алатка за маркетинг тимовите



Кога гостите на настанот го користат photobooth-от, нивните информации за контакт, без разлика дали по телефон или е-пошта, се зачувуваат за да се користат подоцна. Ова им обезбедува на маркетинг тимовите списоци на потенцијални клиенти кои се ангажирани и запознаени со вашиот бренд, и лесно би се конвертирале во постојани клиенти. Доколку сеуште не сме ве убедиле зошто е добро да го имате на Вашите настани, погледнете ги нашите Facebook и Instagram профили и видете како сме си поминувале на други настани.

 

Корпоративните забави добиваат друга димензија со Digital PhotoBooth! Резервирајте на 075422192!